31.8 C
Скопје
17:29 - 7 септември, 2026

Која е тајната на совршената домашна пица?

Некои од нас преферираат пица од ресторан, а некои се колнат дека како што можеме самите дома да ја подготвиме, не може ниту еден ресторан.

Постојат многу теории околу тоа што е клучно за совршена пица. Според едни, тоа е моцарелата која се користи, според други тајната е во сосот од домати, а некои веруваат и дека клучен е рецептот за тестото.

Но, според пица-мајсторите, клучна е температурата на која се пече. Сигурно сте забележале дека во електрична печка не можете да постигнете печење како што се случува во фурните во италијанските ресторани.

Причина за тоа е константната висока температура од околу 330 степени Целзиусови. Температурата рамномерно се распределува врз површината на пицата и ја пече за неколку минути.

Во домашни услови треба да ја загреете рерната на 230 степени, но имајте предвид дека кога ја отворате за да ја ставите пицата, дел од топлината се губи и поради тоа треба да печете доста подолго отколку во фурна.

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.
Се вчитува....