7.8 C
Скопје
03:36 - 18 октомври, 2026

КИСЕЛИ ТИКВИЧКИ: Одличен рецепт за здрава зимница (РЕЦЕПТ)

Тиквичките се летен зеленчук кој е многу здрав, па затоа и можете да ги подготвите и како зимница и да ги имате и кога не им е сезона.

Состојки (за една голема тегла):

2 тиквички со средна големина
Една главица црвен кромид
3 чешниња лук
4 дл вода
60 мл јаболков оцет
Една лажица сол
2 лажички бибер во зрно
Рузмарин
Други зачини по желба

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на половина по должина, па потоа секоја половина сечете ја на полумесечинки. Исчистете ги лукот и кромидот и исечкајте ги на поситни парчиња.

Во поголема тегла ставете ги водата, оцетот, зачините и кромидот и лукот. Ставете ги парчињата тиквички и гранчињата рузмарин.

По желба можете да ја пастеризирате зимницата. Ако не го направите тоа, рокот на траење на една тегла е околу 15 денови.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....