11.8 C
Скопје
11:19 - 18 април, 2024

Како се живее денес во Москва и Санкт Петербург? Се оди во театри, во ресторани, трговски центри…„не се спомнува зборот војна“

Додека руските бомби уништуваат делови од Украина, Русите живеат како во меур, „се прават“ дека ништо не се случува. Водат нормален живот, одат во театар, во ресторани, и се обидуваат да зборуваат за нешто сосема друго. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @citymoscow

Брзиот руски воз „Сапсан“ тргнува, само скокнете на него и зад вас брзо ја оставате живата пролетна престолнина, московските театри, преполните трговски центри и вечниот сообраќаен метеж, за бргу да се најдете во сончевиот и ладен Санкт Петербург. Таму можете да прошетате покрај кејот на Нева, да ги затворите очите и да ве допре ветрето, да организирате кратка обиколка во познатите „гастропабови“ на градот.

Се чини дека Санкт Петербург е далеку, но еве го, многу блиску – нешто повеќе од седумстотини километри. Со брзиот воз се поминуваат само четири часа и веќе сте во сосема поинаква атмосфера. Сп „Сапсан“, жителите на Москова би пристигнале во Харков за истите четири часа. Во градот во кој со руско бомбардирање беа уништени две илјади куќи. Згради, училишта, болници. Во градот каде што една третина од жителите заминаа, а останатите, држејќи се за фрагментите од својот стар живот, од истрајност и тврдоглавост, секој ден ризикуваат да загинат погодени од шрапнели од руски проектили и куршуми. Опколен град од непријателите. Но кои непријатели? Не се ли тие истите луѓе кои шетаат и купуваат секакви работи во московските трговски центри и се дел од сообраќаениот метеж, сонуваат што побрзо да се вратат дома, каде што ги чека нивното семејство? На крајот, тоа се само луѓе, кои имаат куќи како нивните, кои зборуваат на ист јазик и кои често го носат истото име. Граѓаните на Москва, во основа не прават никакво кривично дело и не пукаат во никого. Што прават тие? Се „преправаат“ дека ништо не се случува. Тие се обидуваат да не разговараат за тоа што се случува само на околу четири часа со „Сапсан“ што би ги одвел право во пеколот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by moskva official (@moskva.official)

За среќа, гранатирањето на Харков не се слуша во Москва, а никому не му е важно колку време е потребно од главниот град на Русија за да се стигне до Мариупол. Потребни се петнаесет часа за да стигнете до Мариупол од Москва со автомобил. Петнаесет часа возење од преполните московски театри до театарот „Деца“ бомбардиран од руските воздушни сили. До болницата, или до „Азовстал“.

Во Москва не се зборува за војна, дури и не се спомнува зборот војна. Се излегува во ресторани, се оди во дискотеки, во театар, во трговски центри, во кино да се одгледа добар филм…Луѓето „се преправаат“ дека животот е како и обично, дека се е во ред, пишува руски новинар за италијанскиот дневен весник „ла стампа“.

Москва и Санкт Петербург изгледаат нормално, имаат нормален живот, речиси ист како порано. Чинија салата или супа од зелка за ручек, навечер – театарска сцена, филмско платно, во меѓувреме – пат до работа, пат до дома…Само што руските возови не одат веќе до Николаев, Одеса и Краматорск, Буча, Доњецк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M o s c o w (@moscowdayy)

 

Слични објави

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

еспресо

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо
Се вчитува....