04:46 - 29 ноември, 2026

(ВИДЕО) СИНОТ НА ЗОРАН ИЛИЕВ-РОЏЕР ЈА КРЕНА ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ: Леонардо со авторска песна настапи на популарното музичко шоу „The Voice“

Леонардо студира аудио продукција и создавање музика, а песната со која настапил на натпреварот „The Voice – Australia“ е негова, авторска песна.

21-годишниот Леонардо Илиев е најмалиот од тројцата синови на Зоран Илиев, познат како Роџер Пијано кој пред речиси 5 години со семејството се отсели во Мелбурн, Австралија.


Неговиот настап кој го крена жирито и публиката на нозе, веќе има над 160.000 прегледи. Додека Леонардо рапувал на сцената, неговиот татко и еден од браќата го бодреле од зад сцената.


За разлика од останатите кандидати кои се претставуваат познати песни на светски музички ѕвезди, Леонардо настапи со својата авторска песна „Nasty“.


Жири-комисијата, чиј член е и светски познатата Рита Ора, беше воодушевена од ритамот на песната и енергијата на младиот Македонец.

Во продолжение, проследете го неговиот енергичен настап:

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....