04:20 - 5 септември, 2026

И Прличев би „киснел“ „КАЈ СЕРДАРОТ“, па камоли ние (ВИДЕО)

Да бевме од оние кои делат „мишлен“ ѕвездички, на кафеаната „Кај Сердарот“ ќе ѝ дадевме три ѕвездички. Толку се максимум, според гастрономските критериуми дефинирани вака: „една ѕвезда е за – многу добар во својата категорија, втората за извонредна кујна, а третата за исклучителна храна. Ама „пошто“ не сме, ете, му доделуваме на „Кај Сердарот“, три големи букви М. Значи, МММ….

Што дегустиравме? Ич не прашувајте. „Тргнавме“ од шопска со нафора, продолживме со гравчето на тавчето (што би рекле, странците, кои се постојано тука), брилиравме со домашни колбаси, завршивме со превкусна 10-ка со кромид, па се облаживме со плескавица со кајмак.

За оваа легендарна кафеана, сместена во срцето на Старата скопска чаршија, се бара место повеќе. Со години, (нај)високо котира на „Трип Адвајзор“. А, зад целата оваа гастрономска приказна стои харизматичниот прилепчанец Влатко Ачески, кој си ја крстил кафеаната по љубовта кон делото на македонскиот поет и преродбеник, Григор Прличев.

За сите свои муштерии да успее да стигне да ги услужи и послужи на најдобар можен начин, газда Влатко има повеќе раце, како оние индиските божества. Едни од нив (мислиме на рацете) се викаат Лепа, Давор, Влатко…

Муабетот со Влатко погледнете го во видеото.

Слични објави

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.
Се вчитува....