22.8 C
Скопје
13:15 - 1 октомври, 2026

Експертите откриваат дали треба да го миеме месото или не и каде грешиме кога го одмрзнуваме

Експертите се сложни во оценката дека ова не е ниту потребно ниту пожелно, а исто така инсистираат на квалитетна термичка обработка, која е клучна за отстранувањето на бактериите од површината на месото.

Сировите парчиња месо содржат одреден број на микроорганизми на површината, но нив секако не можеме да ги отстраниме со млаз вода. Важната причина зошто месото никако не треба да се измива пред подготовка, е тоа што сите бактерии ќе се „разлетаат“ по нашата кујна и на тој начин многу се зголемува ризикот од зарази.

Експертите истакнуваат и дека е далеку поважно месото да се подготвува на правилен начин:

„Тоа значи правилно термички да се обработи, а така ќе го отстраниме и најголемиот број на потенцијално штетни микроорганизми. Бактериите кои ќе ја преживеат температурата на печењето секако не би можеле да ги измиеме со млаз вода“.

Домаќинките често прават уште една грешка при подготовката на месо, а тоа е одмрзнувањето на истото на собна температура.

„Замрзнатото месо треба да се одмрзнува во обичен фрижидер, а никако на собна температура“, тврдат експертите.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....