23.8 C
Скопје
16:19 - 29 септември, 2026

Дали е здраво да се јаде храна која не потекнува од наше поднебје?

Според нутриционистите и диетолозите, храната која не е типична за нашето поднебје не е толку корисна за нас, за разлика од онаа што се одгледува тука.

На пазарите и во маркетите може да се најдат голем број намирници кои се увезени од други држави. Ние ги купуваме, без да размислиме дека живееме во многу поинакво климатско подрачје од она во кое тие растат.

Кинеската медицина поддржува теорија на енергија на храната. Според тоа, ние ги добиваме хранливите состојки, но не можеме да ја искористиме енергијата на храната.

На пример, намирници кои растат во предели со топла клима го ладат и хидрираат телото, а оние кои се одгледуваат во ладните подрачја имаат загревачка улога.

Затоа, приоритет би требало да ни биде и нутритивната вредност, а уште повеќе консумацијата на сезонски плодови, кои се прилагодени природно на нашите климатски услови.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....