17.8 C
Скопје
18:34 - 18 октомври, 2026

Чудо од чоколадо: Брз, едноставен и вкусен новогодишен десерт што ќе ве воодушеви

Чудото од чоколадо е кремаст и вкусен десерт кој ќе ги воодушеви и најпребирливите љубители на благо. За подготовка не ви треба повеќе од половина час, а поради едноставната подготовката на овој колач, успешно ќе го направат и почетниците.

За тестото ви се потребни 4 јајца, 200 грама брашно, 100 грама чоколадо за готвење, маргарин, 4 лажици брашно и прашок за печиво.

Пенасто изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете го претходно истопениот маргарин и чоколадото. Потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво, а на крајот цврстиот снег што сте го подготвиле од четирите белки.

Печете 20 минути на 180 степени.

За филот ви е потребно 0,5 литри слатка павлака и 200 гр чоколадо за готвење. Слатката павлака и чоколадото загрејте ги на тивок оган да зовријат. Печеното тесто избоцкајте го со вилушка и додека е топло прелијте го со филот (филот е редок, но не треба ништо да додавате бидејќи ќе се стврдне во фрижидер). Колачот оладете го на собна температура па потоа ставете го во фрижидер.

 

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....