04:32 - 27 ноември, 2026

БИ ГО ПРОБАЛЕ ЛИ? Направен првиот сладолед од спанаќ

Дури ни Попај морнарот не би помислил дека неговата омилена храна може некогаш да биде претворена во десерт како што е сладолед од спанаќ.

Во една слаткарница во Њујорк, по повод 90 години од првото емитување на Попај морнарот, е направен сладолед од спанаќ наменет токму за вегани и вегетаријанци.

Сладоледот е направен од спанаќ, млеко од индиски ореви, павлака од кокосово млеко, кокосово и маслиново масло, куркума, сол, какао путер и кафеав шеќер. Оние кои го пробале тврдат дека има совршен вкус.

Слаткарницата ќе го продава овој сладолед само до втори јуни, а поради состојките тој е доста поскап од другите сладоледи во нивната понуда.

Зелен шејк кој ќе ви го исчисти телото

Слични објави

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо
Се вчитува....