10.8 C
Скопје
04:37 - 12 мај, 2026

БЕЗ МАНА со АНА: Чоколадни Крофни (Вегански рецепт / ВИДЕО)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години, а за кулинарството има и диплома. Од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Во првата епизода на Без Мана со Ана научивме како да направиме чоколадни пудинг топчиња со авокадо, а минатиот петок видео рецептот беше посветен на супер вкусните чоколадни вегански барови од САМО 5 состојки. Доколку не ги погледнавте овие рецепти, Ви препорачуваме веднаш да ги ѕирнете и да ги направите, и секако, да не тагнете преку хаштагот #БезМана со реализираните вегански рецепти!

Да не дожиме многу, не чека уште еден прекрасен и мнооогу вкусен рецепт, кој изгледа многу примамливо! Навистина, кој би одолеал на крофни? Кој би останал рамнодушен на овие крофнички, полни здрави состојки, а сепак превкусни и пред се – вегански!

 

Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот.

Слични објави

Кремасто пилешко на тоскански начин – рецепт за брз ручек што сите ќе го обожаваат

Т.Ц.

Одличен предлог за ручек: Пикантни крцкави крилца од рерна

Т.Ц.

Француски компир: Кулинарски класик што не излегува од мода и е совршен за брз ручек

Т.Ц.

Направете моќен раствор кој ги враќа цвеќињата во живот

Т.Ц.

(ФОТО) Што се појадува во Шведска, Ел Салвадор и Нов Зеланд

Т.Ц.

Брз колач со јагоди и јогурт што им успева на сите: Рецепт за најсочниот бисквит на сезоната

Т.Ц.
Се вчитува....