08:51 - 7 ноември, 2026

Со музика против нездравите емоции – Оваа песна докажано ги намалува анксиозноста и стресот! (ВИДЕО)

Песната што неверојатно го релаксира мозокот е составена со пијано, гитара и електронски матрици со звуци од природата

Британскиот бенд „Marconi Union“, во соработка со невронаучници, ја направи песната „Weightless“ за ослободување од стресот и анксиозноста, а една студија сега го потврди нејзиниот смирувачки ефект врз мозокот и психичкото здравје.

Имено, во студијата на „Mindlab International“, на испитаниците им биле дадени различни задачи со цел да го видат влијанието на песната при различните активности. Резултатите покажале дека нивото на вознемиреност е намалено кај дури 65% од луѓето.  Песната го намалува крвниот притисок, нивото на хормонот на стрес и ги смирува силните отчукувања на срцето.

Но, песната има и еден недостаток. На испитаниците им биле дадени различни задачи да го видат влијанието на песната во различни активности, а резултатите покажале дека до толку е смирувачка што всушност е опасно да ја слушате додека возите.

Слични објави

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај децата – како да се идентификува и што да се преземе

Еспресо
Се вчитува....