-1.2 C
Скопје
06:59 - 11 март, 2026

Најдобрите домашни пилинзи за вашето тело (РЕЦЕПТИ)

За убава и здрава кожа најважна е правилната нега, а добриот пилинг е првиот чекор. Ви претставуваме неколку рецепти за пилинзи кои можете да ги направите во домот.

Пилинг од кафе

Шолја кокосово масло помешајте го со половина шолја кафеав шеќер, три лажици маслиново масло и една третина шолја мелено црно кафе. Се добро измешајте, сипете го во стаклена тегла со добар капак, може да се користи за пилинг на лицето или телото.

Пилинг од лимон

За овој освежувачки пилинг ви требаат три шолјички шеќер, ¾ шолја маслиново масло, сок од еден лимон, изрендана кора од два лимона, две лажици екстракт од ванила. Сето ова ставете го во тегла со добар капак.

Пилинг од зелен чај

Природниот витамин Ц и антиоксидансите во овој пилинг на вашата кожа ќе и дадат прекрасен летен сјај. Помешајте три шолјички морска сол, може покрупна, со три лажички сода бикарбона, четири лажици бадемово масло. Искинете кесичка зелен чај и додадете ја во претходно подготвената смеса, како и по осум капки етерично масло од лимета и портокал, потоа изрендајте ја кората од едната лимета и еден портокал.

Пилинг од банана

Бананите се полни со хранливи материи кои нашата кожа ги сака. Изгмечете ги трите банани, додадете еден децилитар млеко, две лажици пченкарно брашно и неколку капки етерично масло од лимон. Сите состојки мешајте ги додека целосно да се соединат.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Повлекување од социјална средина, кога е време за стручна поддршка?

Еспресо
Се вчитува....