18:41 - 9 ноември, 2026

Модната куќа „Хермес“ ја лансираше својата прва бјути-линија! (ФОТО)

Ветувањето кое беше дадено минатата година, дека ќе се лансира првата бјути-линија на француската модна куќа „Хермес“, беше исполнето минатиот месец. Линијата е промовирана во Париз со проекција од ликот на коњ, односно масло на платно под името „Вислџекет“ од уметникот Џорџ Стуб. Причината поради која се одлучиле за коњ е тоа што тој е силно, грациозно и жестоко животно, но истакнуваат и дека е симбол на надворешната убавина.

Срцето на колекцијата се кармини во 24 нијанси, 14 сатенски, а 10 со мат текстура, во бои од интензивно црвена до електрично розова. Нив ги следат безбојни балсами за уста, чантичка за носење на кармини, универзално моливче за уста и „Попи Лип Шајн“ сјај со тон на портокалова боја и светки кои на усните дополнително им го зголемуваат сјајот.

Instagram/Profimedia

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....