15.8 C
Скопје
23:22 - 21 октомври, 2026

Летајте и слабејте со „антигравити“ вежбите

Може ли да замислите да правите гимнастика речиси во бестежинска состојба? Да кажеме, да летате и истовремено да вежбате. И истовремено, да слабеете, да ги затегнете мускулите на целото тело, да си го поправите расположението, да се ослободите од напнатоста и да си ја подобрите концентрацијата. Забавно би било, нели? А, можно е. И тоа во Скопје, благодарение на „антигравити“ програмата на „Body Concept“ и лиценцираната инструкторка Маја Талевска.

„Антигравити“ овозможува едно несекојдневно и уникатно фитнес искуство. Вежбите се наменети за сите оние кои не се плашат да излезат од зоната на комфорот и да ја доживеат убавината на летањето. Ова е сосема поинакво фитнес искуство кое работи во функција на мускулите, но и во функција на подмладувањето.

– Програмата се изведува на „антигравити“ хамок или импровизирана свилена лежалка со носивост до еден тон, тестирана на бебе-слон. Хамоците се толку издржливи, што нема причина за страв, бидејќи тоа е најчестото прашање кај практикантите. Сѐ што треба да направите е да го суспендирате стравот и да излезете надвор од зоната на комфорот, подготвувајќи се за нови атрактивни движења, објаснува Маја.

Релативно младата дисциплина за првпат се појавила во Њујорк во 1991 година, а нејзин творец е Кристофер Харисон, поранешен акробат и танчер на Бродвеј, истакнат гимнастичар и учесник на Олимписките игри. Гаранцијата на Харисон е дека „антигравити“ вежбањето ќе ве направи посреќни, поздрави и, слушнете добро – повисоки!, со само една сесија.

Останатите предности на вежбите се што се зголемува мускулната флексибилност, се зајакнува и издолжува телото, се активираат хормоните на среќата, се регулираат хормоните, се забрзува циркулацијата. Со таканаречената „зеро компресија“ доаѓа до освежување на ендокриниот, лимфниот и дигестивниот систем, а резултатот од тоа е блескава и свиленкаста кожа.

-Часовите може да ги посетуваат сите кои се чуствуваат здраво. Контраиндикации би можеле да се јават кај луѓе со висок крвен притисок, очен притисок, епилепсија, полесни повреди на главата, мозочен удар, вртоглавици, тежок артритис, церебрална склероза, како и аплицирање на ботокс во последните шест часа, завршува инструкторката Талевска.

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.
Се вчитува....