13.8 C
Скопје
17:26 - 19 април, 2024

НАМAЛЕТЕ ЈА ПОЈАВАТА НА ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ: Убаво избришете по туширањето, а потоа облечете се!

Одредени навики што ги имаме за време и по бањањето може да доведат до појава на одредени бактериски инфекции што можат да го загрозат здравјето. Имено, повеќето жени откако ќе се истушираат, недоволно се бришат со сува крпа, и водени, веднаш се облекуваат и продолжуваат да ги вршат секојдневните активности. Токму таа навика – облекување без целосно и темелно да се избришете, навистина не е добра идеја, бидејќи на тој начин без да бидете свесни за тоа, го загрозувате вагиналното здравје.

Според гинеколозите, облекувањето долна облека додека интимните делови сѐ уште се водени од туширањето е одлична можност за формирање одредени габични инфекции, бидејќи тие растат и се размножуваат со неверојатна брзина токму на влажни места.

Kако една од главните причини за појава на габични инфекции е земањето антибиотици, кои ја нарушуваат рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии и pH-вредноста на слузокожата.

Потоа, причина за ваквата појава може да биде и пиење поголема количина алкохол, кој во процесот на дигестија се претвора во шеќер и храна за габите.

Стресниот живот и недоволното количество сон, носењето мокар костим за капење, со чијашто помош габите побрзо се размножуваат во влажна околина, исто така се наведуваат како едни од можните причинители на габични инфекции.

Токму тука се поставува прашањето: Како да се спречи појавата на инфекции? Имено, доколку навистина брзате многу и веднаш по туширањето немате време да се бришете туку имате намера да се облечете веднаш, тогаш за да се заштитите себеси, најпрвин облечете си ги градникот и блузата, а потоа пристапете кон облекување на гаќичките.

Препорачливо е да се носи само памучна долна облека, бидејќи таа ја акумулира влагата и спречува појава на инфекции.

Сепак, ако и покрај сите напори сепак сте станале „жртва“ на одредена вагинална инфекција, во тој случај веднаш мора да се обратите на лекар доколку имате симптоми што ви укажуваат дека со вашето интимно здравје нешто не е во ред.

Ненавременото откривање одредени инфекции од гинекологот, може да биде причина за појава на одредени посериозни заболувања. Најчесто жените одат на лекар ако забележат дека имаат постојана потреба за чешање во интимниот дел, потоа болка додека мократ, делумно отекување на вагиналните усни, но и невообичаениот бел исцедок кој ѝ е познат на секоја жена.

Со дел од овие симптоми се соочуваат речиси сите жени во текот на својот живот, а доколку состојбата се влошува, воопшто не чекајте, туку веднаш посетете лекар.

Покрај овие симптоми, постојат и помалку познати што можат да предизвикаат сериозни последици по женското здравје ако не се препознаат и не се реагира навреме.

Некои и нив се болка при сексуален однос, густ исцедок, чувство на боцкање, болка при мокрење и сл.

Слични објави

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо
Се вчитува....