01:18 - 11 ноември, 2026

Колку отров има во едно јаболко (ВИДЕО)

Ова видео открива како врелата вода ги отстранува наслагите од восок, хемикалии, разни пестициди и сл. од јаболките, кои се се, само не за јадење.

Јаболките се едни од овошјата кои се најмногу затруени со пестициди – едно јаболко се прска и по 17 пати во годината до неговата берба.

Потоа, сосема е вообичаен процесот на потопување во восок, кој ги прави убави на изглед и ги чува од пропаѓање.

Експертите советуваат дека е најдобро да купувате јаболки од проверено и органско производство, но доколку не сте во можност, најдобро е да ја отстраните лушпата.

Видеото открива како врелата вода ги отстранува наслагите од восок, нечистотија и хемикалии кои се на јаболките…

За добро да ги измиете свежите плодови најпрво полијте ги со врела вода, а потоа е најдобро да се послужите со природните методи, сода бикарбона, вода и оцет.

Помешајте 2/3 вода со 1/3 оцет и половина лажица сода бикарбона. Оставете го овошјето да отстои во растворот 10-15 минути, добро помешајте и потоа измијте ги со обична вода.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....