18.8 C
Скопје
10:42 - 29 март, 2024

ИСТРАЖУВАЊЕ: Децата кои јадат повеќе овошје и зеленчук имаат подобар ментален развој

деца храна

Новото истражување спроведено во Велика Британија покажува дека исхраната богата со свежо овошје и зеленчук може да биде добра и за менталниот развој особено за тинејџерите.

Истражувањето објавено во „BMJ Nutrition, Prevention & Health“ покажува дека повисокиот внес на овошје и зеленчук е значително поврзан со подобро ментално здравје кај средношколците. Истражувањата покажуваат дека хранливиот појадок и ручекот се исто така поврзани и со емоционалната благосостојба, без оглед на возраста.

храна

За да истражат дали изборот на исхрана може да биде поврзан со менталното здравје, истражувачите правеле анкети во повеќе од 50 училишта во Велика Британија. Вкупно, речиси 11.000 ученици ја завршиле анкетата (со 8.823 валидни анкети) и анализите покажале дека просечната оценка за менталното здравје е 46,6 од 70 за средношколци и 46 од 60 за учениците од основните училишта.

Од нив, само 25 отсто од средношколците и 28,5 отсто од учениците од основните училишта изјавиле дека ги јаделе препорачаните пет порции овошје и зеленчук дневно. 10 проценти не јаделе овошје и зеленчук. Околу 21 отсто од средношколците и 12 отсто од основците јаделе само неенергетски пијалок или воопшто не појадувале, додека 11 отсто не јаделе ручек.

деца храна

Ова истражување покажа дека колку повеќе порции овошје и зеленчук дневно јадат учениците, толку е подобар нивниот резултат на скалата за ментално здравје.

„На фундаментално ниво, потребна е соодветна исхрана за да се обезбедат соодветни услови за развој и функција на телото и кај децата и кај возрасните, вклучувајќи го растот и репликацијата на клетките, синтезата на ДНК, невротрансмитерите и метаболизмот на хормоните. Ова е особено критично кај децата, затоа треба да се знае дека оптималната исхрана е важна за развојот на мозокот“, велат авторите на студијата.

дете

Исто така, признаваат дека нивното истражување имало ограничувања, вклучувајќи го и фактот дека одговорите на анкетата може да бидат неточни.

Овошјето и зеленчукот носат силни физички придобивки. Врската помеѓу физичкото и менталното здравје е одамна позната, вклучувајќи ја и врската помеѓу здравата исхрана и расположението кај возрасните. Проширувањето на концептот на децата изгледа сосема природно, велат експертите.

Авторите на студијата велат дека се надеваат дека нивното истражување ќе ги поттикне службите да усвојат политики што ќе им помогнат на децата да добијат поголем пристап до хранлива и свежа храна во и надвор од училиштата.

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....