23.8 C
Скопје
15:09 - 20 октомври, 2026

ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ: Воведете ги во исхраната за здравје и регулација на висок притисок

житарки

Со воведување на поголеми количини на интегрални житарки во исхраната, може да се спречи појава на хипертензија кај луѓето, се вели во едно од истражувањата на експертите од одделот за јавно здравје на Харвард.

Појавата на хипертензија попозната меѓу луѓето како висок крвен притисок или артериска хипертензија е хорнична здравствена состојба која се одликува со покачен крвен притисок во артериите.

Процесот на обработка е различен кај обичните или неинтегрални житарки и интегралните. Односно, кај голем дел од житарките се отстранува надворешната лушпа на зрното, додека кај интегралните се задржуваат надворешните слоеви на зрното и микробите, што ги прави побогати со многу хранливи материи.

Бостонските научници спровеле истражување на 51.529 медицински работници кои во 1986 година, кога започнало истражувањето, биле на возраст од 40 до 75 години. За време на осумнаесетгодишна анализа, 9.227 испитаници развиле хипертензија.

ТАЈНАТА НА СОВРШЕНО БАЛАНСИРАН ОБРОК: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска нè учи како да ги комбинираме групите на храна и ни носи неодолив, здрав рецепт за ручек

Експертите од Бостон откриле дека една петтина од испитаниците кои пријавиле најголема дневна консумација на интегрални житарки, околу 52 грама, имале 19% помал ризик од развој на висок крвен притисок, отколку другата една петтина од испитаниците кои јаделе помалку интегрални зрна, околу 3 грама на ден.

Врската помеѓу поголемата консумација на интегрални житарки и намалениот ризик од хипертензија била успешна и кога биле консумирани во комбинација со овошје и зеленчук, со регуларна употреба на витамини и физичка активност.

житарки
Фото: Pexels

Поволното дејство на интегралните житарки врз одржувањето на нормалниот крвен притисок е последица на фактот дека луѓето кои почесто консумираат интегрални житарки секако имаат поголеми здравствени придобивки, а воедно може да бидат помалку склони на проблеми со покачување на телесната тежина со текот на годините.

ИСХРАНА ВО БОЈА: Виолетови намирници полни со витамини и минерали

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.
Се вчитува....