15:41 - 29 ноември, 2026

ИСХРАНА ВО БОЈА: Виолетови намирници полни со витамини и минерали

Секоја боја на храна содржи одредени хранливи материи кои се многу корисни за здравјето, било да се работи за ладно или за топло време.

Затоа, вклучете ги следниве продукти:

Капини – преполни со витамин Ц, но и А, Е, К и Б, со лутеин, но и други антиоксиданси кои реагираат со слободните радикали и помагаат во ефикасно пренесување на кислородот низ крвотокот. Капините, заедно со малините, аронијата и рибизлите, спаѓаат во групата на овошја благодарение на кои ги зачувуваме здравјето на срцето, крвните садови, но и меморијата.

Боровинки – нутриционистите често велат дека боровинките се суперхрана над суперхраната, поради тоа што се богати со железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К, што значи дека ја зачувуваат цврстината на коските. Додавајте ги во овесна каша, во колачи, правете сок од нив или збогатете ја салатата.

Црвена зелка – иако ја нарекуваме црвена, нејзината боја е виолетова. Хранливите бенефити се слични како и со обичната зелка, а содржи повеќе растителни влакна и делува антивоспалително, а се верува и дека штити од карцином. Можете да ја јадете како салата, да ја додавате во сендвич или пак да ја јадете свежа.

ТАЈНАТА НА СОВРШЕНО БАЛАНСИРАН ОБРОК: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска нè учи како да ги комбинираме групите на храна и ни носи неодолив, здрав рецепт за ручек

Лаванда – растение познато по смирувачките својства, кое можете да го користите како состојка во чај или пак да го применувате во ароматерапија или во масла за масажа.

Модра слива – било да е свежа или сушена, едно од најпознатите својства е олеснувањето при исфрлање на изметот од телото. Истовремено, богата е со големи количини на витамин А.

Асаи бобинки – иако не се автохтоно растение на нашето поднебје, лесно може да се најдат во повеќе облици во продавниците за здрава храна, во прав, сушени или во вид на додадок на исхрана. Исто така се вкусни и богати со минерали и витамини А, Б, Ц и Е.

Смокви – било сушени или свежи, смоквите се преполни со здрави состојки и се одличен извор на витамини и минерали. Во смоквите со виолетова лушпа има поголема концентрација на здравите материи.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....