23.8 C
Скопје
13:30 - 30 септември, 2026

БРЕМЕНОСТ И БЕЗАЛКОХОЛНО ПИВО: Трудници, прочитајте повеќе за овој пијалак пред да се напиете!

Нема сомнение дека многу луѓе го сакаат вкусот на ладно пиво. Жените кои сакаат од време на време да се почестат со овој алкохолен пијалок, можеби ќе сакаат да уживаат во барем безалкохолна верзија за време на бременоста.

Но, малкумина знаат дека дури и пијалоците без алкохол можат да содржат алкохол до 0,5%, вели Мара Франсис, гинеколог од Сан Антонио и поранешна шефица на одделот за гинекологија во болницата Меморијал Херман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kindra Watson (@kindra_terese)

Се прашувате дали овие количини на алкохол во безалкохолно пиво можат да му наштетат на вашето неродено бебе?

Благодарение на ограниченото истражување, всушност нема докази за да се даде дефинитивен одговор на ова прашање. Сепак, Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) вели дека ниту една количина алкохол за време на бременоста не се смета за безбедна бидејќи алкохолот е поврзан со потешкотии во однесувањето и учењето, дефекти при раѓање, нарушувања на спектарот на алкохол кај фетусот (FASD) и други ризици.

Исто така, иако 0,5% алкохол изгледа како незначителна количина, не секогаш можете да верувате во декларацијата. Студија од 2010 година, објавена во „Канадскиот журнал за клиничка фармакологија“, испита 45 пијалоци за кои се тврди дека воопшто немаат или содржат алкохол. Истражувачите откриле дека 29% од пијалоците „содржат нивоа на етанол повисоко од декларираната концентрација на нивната етикета“, се вели во студијата. Шесте испитувани пијалоци, кои биле обележани со 0% алкохол, всушност имале повеќе од 1% етанол – а некои и до 1,8 проценти, пренесуваат од студијата.


Некои студии, како што е ова објавено во Акушерство и гинекологија, заклучија дека повремената потрошувачка на алкохол за време на бременоста нема негативни ефекти. Но, постои нејасна граница помеѓу „повремено“ и „умерено“ пиење и едноставно нема упатства што точно кажуваат колку алкохол е во ред да се консумира. Затоа повеќето експерти се согласуваат со правилото дека алкохолот никогаш не треба да се смета за безбеден за време на бременоста.

Слични објави

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova
Се вчитува....