11:44 - 29 ноември, 2026

(ВИДЕО) БУРЕК И ЈОГУРТ КАКО РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК: Пејачката Сузана Гавазова од сопругот доби оригинално изненадување

Нашата позната турбо – фолк пејачка, Сузана Гавазова вчера го прослави својот 42-ри роденден. По повод роденденот сопругот на Сузана организираше неодоливо изненадување.

Сузана беше пречекана од семејството и блиските со многу подароци и цвеќе, а од сопругот Јасмин го подготви најоригиналното роденденско изненадување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)


Најпрво ѝ донесе завиткана украсна кутија во која имаше бурек и јогурт, а откако слатко се нaсмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување – огромен букет во кој се криеше мала, но вредна кутија, а кога ја отвори, Сузана се онесвести од возбуда. Во кутијата имаше златна нараквица, веројатно станува збор за некој луксузен бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)


Покрај изненадувањето од сопругот, си доби и изненадување од мајка ѝ, нејзините две ќерки и најблиските, а на тортата имаше свеќички со број 24 – буквално како што и изгледа Сузана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)


Среќен роденден Сузана!

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....