22:54 - 29 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Од минус 15 до плус 12, страшна температура – проверете кога!

– Како што претходно кажавме, од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и тоа особено утре и во петок, кога минималните температури понекаде се очекува да се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, потопло преку ден ќе биде во петок, како и за време на викендот кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени.
И во Скопскиот регион од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите наутро се очекува да се спуштат близу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 6 степени.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....