06:12 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови и грмежи, еве до кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ПОСВЕЖО, со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе застапени врнежите ќе бидат во западните и во источните, како и во североисточните предели. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 19 степени во најтоплите југоисточни предели од државава – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Според Попоски утре и во вторник се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд а на планините од снег. Во среда се очекува преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд и услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи се очекуваат во четврток.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 15 степени. Пораст на истите се очекува од среда па натаму.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....