13.8 C
Скопје
07:45 - 14 мај, 2024

Трогателни зборови на Хејли Џоел Осмент за БРУС ВИЛИС: Заедно глумеа во „Шестото сетило“

Меѓу низата познати личности кои ја изразија својата наклонетост кон Брус Вилис, се огласи и Хејли Џоел Осмент, (тогаш) малото момченце од филмот „Шестото сетило“.

Пред неколку дена во објава на Инстаграм семејството на Брус Вилис објави дека актерот ќе ја напушти сцената. Причината зад овој избор е дијагнозата на афазија која влијае на неговите когнитивни способности. Токму ќерката на Брус Вилис, Румер Вилис, ја објави болната одлука што ја донеле актерот и неговото семејство. По објавувањето, следеа бројни коментари и објави на актери и актерки во знак на поддршка на Брус Вилс. Многу трогателна е објавата на неговата поранешна сопруга Деми Мур која заедно со Вилис има ќерки, а таа во моментов е блиска со поранешниот сопруг. Меѓу другите, и онаа на Џон Траволта и Силвестер Сталоне.

Хејли Џоел Осмент глумеше со Брус Вилис во филмот Шестото сетило, фото – Инатаграм

Се огласи и глумецото Хејли Џоел Осмент кој работеше со Брус Вилис во филмот Шестото сетило. Двајцата актери се запознале токму на снимањето на филмот во 1999 година, кога Осмент имал само 10 години. Неодамна, Осмент му посвети неколку зборови на Брус Вилис по веста за неговото нарушено здравје:

„Не е лесно да се најдат вистинските зборови за да се посветат на некој на кој отсекогаш му се восхитував, прво на големото платно, а потоа, благодарение на некоја чудна среќа, во приватниот живот. Тој е вистинска легенда која ги збогати нашите животи со огромна кариера која се протега речиси половина век. Многу сум благодарен што бев сведок на сето ова со мои очи и за неверојатната работа што ја направи и што можеби уште подобро ќе ја видиме во годините што доаѓаат. […] Сакав само да ја изразам мојата почит и длабоката восхит што ја имам за Брус и неговото семејство во овој момент во кој ќе се соочат со храброста и големата сила на духот што секогаш ги разликуваше од другите“.

Сепак, Хејли Џоел Осмент не беше единствениот од екипата на Шестото сетило што упати зборови на почит кон Брус Вилис, режисерот на филмот исто така му посвети зборови на актерот. Имено, М. Нојт Шјамалан рече дека е уверен дека неговото прекрасно семејство ќе го поддржи со голема наклонетост и дека Брус ќе остане за него не само неговиот „поголем брат“, туку и херојот чиј постер го имал на ѕидот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haley Joel Osment (@hjosment)

Слични објави

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Кралот Чарлс зборува за непријатните последици од лекувањето на ракот

еспресо

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

Еспресо

Андријана Јаневска за годинашната Евровизија: Ме поканија да ја претставувам Македонија на Евровизија, добро е што не отидов

Еспресо

(Фото) Која е убавата Исидора која му кажа „да“ на Сергеј Трифуновиќ, кој е 23 години постар од неа: Ќе се изненадите каде работи

Еспресо
Се вчитува....