15:20 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПОРАЧУВА: Издржете го студов, ни доаѓа сончев период, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Утре се уште ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....