34.8 C
Скопје
18:18 - 19 август, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значително многу дожд, воден талог, ама и снежна покривка! Еве каде!

– Под влијание на поголем влажен бран од Медитеранот, денес времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2). Претпладнево особено во источните предели ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Има услови снежната граница на некои места да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и снег, или влажен снег има и на некои од пониските места. Максималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите предели, известува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Претпладнево ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека попладне и навечер ветерот ќе биде со послаб интензитет и од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски,  утре времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели. Во првите денови од следната недела, под влијание на студена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на повисоките и планинските места истите локално ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени.

Слични објави

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

(Фото) Лепа Брена целосно непрепознатлива прошета по улиците на Мостар – се појави без грам шминка и очила за вид

Еспресо

Оља Црногорац го покажа телото во бикини по породувањето во 41. година

E.A.

(Фото+видео) Свилен фустан долг 10 метри – Теа Таировиќ прошета на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова горда на својата ќерка — Елена матурираше, дизајнерката сподели фотографии од свечениот ден

Еспресо
Се вчитува....