21:08 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Од плус 15 до минус 10, голем распон во температурите, внимавајте на здравјето!

– Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во понеделник и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и тоа под влијание на нов влажен и студен воздушен бран, ќе има нови врнежи од дожд и од снег, а ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Нова снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, додека на планините истата ќе се зголемува. Локално провејување на снег ќе има и во вторник, додека од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно, суво и потопло преку ден. Нешто пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро истите понекаде се очекува да се спуштат до околу -10 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво, а исклучок ќе биде понеделник и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник кога се очекуваат нови врнежи од дожд и од снег итоа под влијание на веќе споменатиот влажен и студен воздушен бран.

Според Попоски, во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 11 степени, додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 0 степени.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....