22:26 - 8 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува невреме, силен ветер, циклонски активности, поројни дождови…

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека утре и тоа во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до близу 40 степени. И во Скопје и околината времето викендов ќе биде претежно сончево, стабилно и МНОГУ ТОПЛО. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Потоа во текот на следната седмица, и тоа под влијание на циклонска активност од запад и југозапад, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество на воден талог, кое може да услови нови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем пречник. Температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....