03:38 - 9 ноември, 2026

(Фото сторија) Двор за мерак, вода од бунар за мерак: Од далеку се гледа дека Ѓоре и Даниела цвеќиња одгледуваат со мерак

Гости сме во дворот на Ѓоре Златановски во скопската населба Драчево. Преубавиот двор се простира на околу шестотини квадратни метри.

За дворот да изгледа вака раскошно, постојано се обновува со цвеќиња. Фото – приватна архива

Ѓоре по професија е шофер-дистрибутер, додека сопругата Даниела е медицинска сестра на Детската клиника.

Ангажманите околу дворот на Ѓоре и Даниела им се поделени, таа е одговорна за снабдување на цвеќиња и декорации, додека работата на Ѓоре, како што ни вели, е садењето и одржување на тревникот. Данила ги полева цвеќињата, ги негува за да израснат во убавици и да ја сочуваат својата раскошна убавина. Но, не е само дворот, тука е и расцветаниот балкон, па така работа има колку сакате…

– Петунијата сака сонце, сарделата е исто така издржлива на сонце, а на балконот имаме бегонии зашто тие сакаат сенка – ни објаснува Ѓоре.

На Ѓоре и Даниела со заеднички сили им треба секојдневно по најмалку еден час посветеност на дворот и растенијата. Тука е и нивниот бунар од 41 метар, па водата е мераклиски чиста и свежа и – вели Ѓоре – испитана.

За дворот да изгледа вака раскошно, постојано се обновува со цвеќиња.

– Цвеќињата ги купуваме од Китка планет во Пинтија, и со нивни совети ги одржуваме – додава тој.

Инаку, Ѓоре е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Даниела и Ѓоре. 

Фото-приватна архива

(Фото сторија) Бранко Петрески ни ги открива тајните на калата; од нив има цело царство

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....