4.8 C
Скопје
05:42 - 1 октомври, 2026

(Фото сторија) Бранко Петрески ни ги открива тајните на калата; од нив има цело царство

Бранко Петрески е по професија трговец. Одгледува кали веќе 13 години, секако одгледува и многу други цвеќиња, но калите му се во срцето.

– Да бидам искрен, калата бара многу љубов, цвеќето е како сопствената жена, што повеќе го гледаш тоа е поубаво – ни открива Бранко.

Дворот на Бранко се наоѓа во скопската населба Лисиче и се протега на неверојатни 3.000 квадратни метри. Изобилува и со саксиско цвеќе, но одгледува и режано цвеќе (за букети) и има 10 фолии со цвеќе.

Советува дека кога е во прашање калата, најдобро е да се пресадува кога ќе прецвета, односно сега во овој период, па до крајот на август.

Другиот вид на кала пак, оние во боја и со главица, се пресадуваат на средина на октомври.

Бранко има две фолии кали со должина по 30 метри.

– Калата бара многу вода, тоа е мочуришно растение, по потекло е од Јужна Африка од кадешто дошла во Европа – ни објаснува Бранко за овој прекрасен цвет.

Го пршуваме колку пати калата треба да се наводнува?

Ни одговара – еднаш неделно но обилно.

Стигнуваме до советот од Бранко за оние кои сакаат да почнат да одгледуваат кали.

– Ако немаат искуство со одгледување кали на голема количина, воопшто нека не почнуваат – искрен е Бранко и додава – им теба многу арско ѓубриво, а ако го нема тоа, напразно е сè. Односно нема квалитетни цветови без арско ѓубриво.

Инаку, Бранко е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од нивата и дворот на Бранко каде калата е царица на цвеќињата.

 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Оваа убавина во Македонија е? Да! Село Сушица може да се гордее со дворот на Данка

Слични објави

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв, претпоставувам дека ќе биде…“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо
Се вчитува....