10.8 C
Скопје
06:45 - 25 април, 2024

Разговор со Томислав Маниќ: Пред 30 години ја снимив ,,Црвени рози“ – денес се гордеам што таа песна е евергрин

Со Томислав Маниќ – доајенот на македонската забавна музика се потсетуваме на евергрините „Кажи зошто ме остави“ и „Црвени рози“. Со својот карактеристичен пријатен глас, тој овековечил 524 песни во Радио Скопје, соработувајќи со најдобрите македонски автори, со што се вбројува меѓу нашите најпродуктивни пејачи.

Сестра ми беше во Скопје и да не плаќаме кирија и мене ме пратија кај неа. Дојдов и имав среќа да сретнам еден музичар од Пирот кој свиреше во Армија. Тој ме однесе во радио. Таму го сретнав и Драган Ѓаконовски – Шпато. Фото – приватна архива

Иако ја заокружува 90-та година, Господин Маниќ сè уште знае да го започне разговорот со шега.

– Гледам Свети Петар да не ме најде да ми се јави, инаку ако спијам добро и ако се разбудам утрото јас сум во ред. Толку посакувам, здравје и нов ден.

Во 1990, на некој начин одбележувајќи една животна возраст и влегувајки во друга ја прифаќа понудената песна од Димитар Масевски, „Црвени рози’, која од старт е предодредена да биде – евергрин.

– Димитар Масевски ја напиша песната, но не знаеше кому да ја даде да ја испее. А јас после дознав дека испробал неколку пеачи, но ниеден од нив не ја пеел онака како што сакал тој. Кога мене ми даде да ја пробам да ја отпеам, не знам дали знаеше, дали почувствува, дека не само што пеам, туку и глумам. Не само да подарам роза, туку како да ја подарам розата и да ја отпеам песната – се сеќава Маниќ.

То е шесто од седумте деца во семејството, родум од Пирот. Уште во средно образование почнал со глумата.

-Пиротскиот театар постои уште од Втората светска војна. Еднаш дојде еден господин и гледаше дали знаеме да глумиме, му требало глумец за „Зона Замфирова“. Што ми текна мене да му намигнувам, ме одбра мене. Моите не знаеја ништо,  а јас го глумев чиракот на Мане, Поте. Ја спремивме претставата. За прв пат моите тогаш присуствуваа во театар, им кажав кој ден и во колку часот да дојдат. Претставата заврши, јас истрчав надвор да ги видам. Велам ,, како ви се допадна?” а татко ми ми вели: – Јас не те видов! Мајка ми ме препознала и таа му кажа дека јас го глумев Поте.

Во Скопје дошол да студира, останал да работи, живее и пее.

– Сестра ми беше во Скопје и да не плаќаме кирија и мене ме пратија кај неа. Дојдов и имав среќа да сретнам еден музичар од Пирот кој свиреше во Армија. Тој ме однесе во радио. Таму го сретнав и Драган Ѓаконовски – Шпато. Имаше аудиција и ми рекоа да дојдам да пеам и така почнав.

Пред 3 години ја сними последната песна ,, Уште го помнам првото танго”.

– Текстот е на Ѓорѓи Ѓорѓиевски, јас уште не го познавам лично човекот, но ме исконтактира неговата ќерка. Ја отпеав песната и таа ме однесе низ спомените кога на игранките се играше танго. Требаше голема храброст да се покани девојка на танц, а голема беше гордоста пак таа да те покани тебе. Ги прелистував и старите фотографии и ги најдов сликите со мојата покојна сопруга како играме танго. На второто танго ја побарав за жена – објаснува Маниќ.

Снимил многу носачи на звук, на кои е забележано неговото големо творештво, а омилен гостин беше и во многу телевизиски емисии во цела поранешна Југославија. Добитник е и на голем број награди, а сега сите негови песни можат да се слушнат на неговиот музички канал на Јутјуб.

Во Скопје основа семејство, а освен како пејач со посебен стил и шарм, ќе биде запаметен и како омилен професор по историја во средното економско училиште „Моша Пијаде“.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....