22:55 - 28 ноември, 2026

Платите скокнаа насекаде во Европа, еве колкав е сега минималецот

Како резултат на галопирачката инфлација, платите растат речиси насекаде во Европа. Во април, во еврозоната, инфлацијата достигна врв од 7,5%, а веќе договорени се зголемувањата на платите, ова го објавил главниот економист на Европската централна банка, Филип Лејн.

Така, ако во Франција минатата година минималната плата се зголемила три пати (вкупно за 5,9%), синдикатите си поставиле цел да достигнат 2.000 евра месечно.

Во Шпанија минималната плата достигнала илјада евра, а се утврдени 14 плати во годината. Во Португалија синдикатот побарал зголемување од 705 евра месечно на 800 минимална плата.

Во Германија за 85-те илјади работници во челичарниците, Синдикатот ИГ метал се обидува да издејствува покачување на платите од 8,2%, а во меѓувреме истото се случило и за хемичарите и фармацевтите.

Минималните примања по час кои во октомври беа 10  евра веќе скокнале на 12 евра, а во Данска синдикатот Фнв се обидува да ги зголеми на 14 евра на час. Во Луксембург и Кипар, платите се поврзани со инфлацијата, односно колку отсто е инфлацијата за толку се зголемуваат и платите.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....