14:06 - 8 ноември, 2026

Пласидо Доминго им се извини на жртвите кои го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал!

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго даде оставка на позицијата генерален директор на Операта на Лос Анџелес откако неколку жени излегоа со обвиненија дека сексуално ги злоупотребувал.

Познатиот шпански тенор беше обвинет од страна на 20 жени дека недолично се однесувал и ги вознемирувал, а тој ги негираше обвиненијата.

View this post on Instagram

***17 октября 2019 года*** **Крокус Сити Холл** *Легенда оперной сцены* ‘ПЛАСИДО ДОМИНГО’ ??? Вы услышите оперные арии и дуэты, классические композиции мюзиклов Бродвея, оперетты и жемчужины испанского лирико-драматического жанра Сарсуэла. ??? Билетов осталось очень мало… Спешите приобрести… ??? Купить Билеты можно написав в Директ. Менеджер свяжется с вами в течение 20 минут и поможет подобрать лучшие места ? ??? #вечерначинаетсясmoscowshow#plasidodomingo#пласидодоминго#опера#классика#музыкадлядуши#концерт#билетыбезнаценки#l4l

A post shared by Билеты в Театр и на Концерты (@moscowshow_elena) on

„Го почитувам тоа што овие жени се чувствуваат слободни да го кажат своето мислење“, стои во изјавата на Доминго.

„Сакам да знаат дека навистина ми е жал за нанесената болка. Преземам целосна одговорност за моите постапки и кажувам дека созреав низ ова искуство.“

Изјавата следеше откако беше отворена истрага за Доминго што ја покрена американски синдикат кој застапува оперски изведувачи.

Истрагата покажа дека обвиненијата за Доминго се вистинити и дека тој „покажал недолично однесување, од флертување до сексуални предлози, на работното место и надвор од него“.

Обвиненијата што беа поденсени лани во август се однесуваат на дела што датираат од 80-тите години па наваму и во нив се наведува дека Доминго често ги принудувал жените на сексуални односи, а понекогаш и професионално ги казнувал оние кои го одбивале.

Доминго (79) е во брак со втората сопруга, сопранот Марта Орнелас, од 1962 година.

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....