6.8 C
Скопје
01:08 - 29 март, 2024

Од каде пристигна коронавирусот во Северна Кореја? Еве ги двете претпоставки

Северна Кореја објави дека го открила својот прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата и државните медиуми го прогласија за „сериозна национална вонредна состојба“, откако земјата се обидуваше повеќе од две години да го држи вирусот далеку од неа.

Земените примероци се „конзистентни“ со варијантата Омикрон, соопшти националната новинска агенција, а високи претставници, вклучително и лидерот Ким Џонг Ун, одржаа кризен состанок за да разговараат за мерките што треба да се преземат. Целта, рече севернокорејскиот лидер, е „да се елиминира вирусот во најкус можен рок“, со строги гранични контроли, „карантин, изолација, затворање на области во сите градови и окрузи во земјата“.

Сите комерцијални и производствени активности ќе бидат организирани на тој начин што секоја работна единица ќе биде „изолирана“ за да се спречи ширење на инфекцијата. Маските секако се задолжителни, контролата е присутна насекаде – до контрола на температурата, дезинфекција во продавниците, во трговските центри и на самите улици…

Северна Кореја според Светската здравствена организација, на крајот на 2020 година, имаше спроведено над 13 илјади тестови против Ковид, и сите беа негативни.

Во овие две години режимот нема пријавено ниту еден случај на зараза, ниту пак започна кампања за вакцинација. Само беше одлучено да ги задржи границите уште позатворени, а пред два месеци беше затворена железничката линија со Кина.

Но од каде пристигна – кога речиси беше невозможно да стигне – вирусот во Северна Кореја. Се претпоставува дека преку Кина, и тоа преку замрзнатата храна. Според  јужнокорејската новинска агенција пак, Јонхап, се верува дека појавувањето на ковид во Северна Кореја можеби е предизвикано од движењето на огромни толпи луѓе за време на неодамнешните национални настани, како што е минатомесечната воена парада по повод 90-годишнината од Револуционерната Армија.

Според аналитичарите, здравствениот систем на земјата се распаѓа и ќе се бори да се справи со сериозната епидемија на коронавирус доколку се прошири.

По првиот случај на ковид: „Максимална вонредна состојба“ по наредба на Ким во Северна Кореја

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....