10:44 - 30 јули, 2026

Некогаш тука се мелело брашно, денес се јаде риба и месено

Името не е случајно избрано, зашто во „Извор“ има и извор со чиста планинска вода.

Македонски Брод е мало, мирно гратче, со изобилство на шумски предели, сместено покрај горниот тек на реката Треска во Поречката област. Токму поради реката и шумите, жештините во текот на летото тука се подносливи. По течението на Треска, се наредени викендички, а не недостигаат ни рестораните со пространи дворови и зеленило, со поглед на реката. Еден од нив е „Извор“, со традиција од 20 години, сместен во село Долни Манастирец.

Сопственикот на ресторанот Јане Цветановски и неговата сопруга Габи ни ја раскажаа приказната за почетоците.

– Самото место било воденица во која луѓето од околните села си мелеле брашно, а која била во сопственост на нашиот прадедо. Подоцна јас и мојот брат, Владо Цветаноски, заедно со родители и своите семејства,го реновиравме местото трансформирајќи го во викендица, а потоа во ресторан. Така го започнавме семејниот гастрономски бизнис, ни раскажува Јане.

Речиси целото големо семејство, вклучувајќи ги и децата, е вкучено во ресторнаските работи, а менито е главно ориентирано на риба.

– Специјалитет ни е пастрмката која доминира на трпезата, но секако имаме и други специјалитети – од скара и селско месо, до печено јагнешко, месо кое е од наша одгледувачница, вели Јане и нагласува дека сами произведуваат овчји сирења и кашкавал. Дополнително, се снабдуваат со здрава и органска храна од мештаните, па гастрономската понуда е во секое време свежа.

Селото е опкружено со други живописни села – околината „душа дала“ за прошетки. Во близина е и пештерата Пешна, а во самото село има манастир „Св. Богородица Пречиста“, на надморска височина од 1.000 метри.

приватна архива
приватна архива
приватна архива

Што да дегустирате?

Прво и секогаш – речна пастрмка која се подготвува отворена или затворена и крап подготвен на скара со печено лепче и макало со лук. Ако сте дојдени на појадок, наместо на ручек или вечера, дегустирајте од селската летна манџа зготвена од органски производи со парче сирење од сопствено производство. Превкусни се селскиот бакрдан и селската вртена пита послужени со домашно кисело млеко, домашни пинџури и ајвар. Гравчето пак, се прави во земјено тавче, а се печат јагниња, јариња или прасиња во фурна. Од десерти – домашни разновидни слатка и торти, и секако, палачинки.

приватна архива
приватна архива

Како се прават питулиците?

Се прави каша за палачинки, но малку погуста, а потоа питулиците се прават на скара – се редат ред петулици претходно намрсени, врз нив се става сирење, и така неколку редови. На крајот се потпекуваат во фурна.

приватна архива

 

Ј.К.Д

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо
Се вчитува....