21:27 - 8 ноември, 2026

Лавров: „Кина и Русија бараат праведен светски поредок“

„Ние сме заинтересирани нашите односи со Кина да продолжат да се развиваат стабилно и доследно“, рече шефот на руската дипломатија.

„Кина и Русија се обидуваат да постигнат мултиполарен, праведен и демократски светски поредок“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Тункси, источна Кина, каде што се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Лавров го информирал кинескиот министер за надворешни работи за текот на преговорите со Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Ние сме заинтересирани нашите односи со Кина да продолжат да се развиваат стабилно и доследно. Нашите лидери, претседателот Путин и претседателот Кси Џинпинг, се согласуваат за ова. Денеска ќе ги разгледаме конкретните мерки за да обезбедиме доследно спроведување на сите овие договори“, изјавил Лавров.

„Од почетокот на годината кинеско-руските односи ги издржаа новите проби за промени на меѓународната ситуација, ја задржаа вистинската насока и покажаа солидна тенденција на развој“, рече шефот на кинеската дипломатија, пренесува руската агенција Тасс.

НОВИ ДЕТАЛИ за случајот на труење на Абрамович: Бил употребен хлоропикрин – хемикалија користена во Првата светска војна

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....