17.8 C
Скопје
10:21 - 29 април, 2024

Селин Дион денеска го слави својот 54. роденден, но од неа нема ни трага ни глас

Публиката и обожавателите се загрижени бидејќи Селин Дион исчезна од јавноста. Од октомври 2021 година, никој не слушнал ништо за неа. Странските медиуми во неколку наврати се обиделе да добијат информации, но безуспешно.
Од уметничката што некогаш беше многу достапната, останаа само неколку објави на Инстаграм, а на повеќето од нив е потпишан нејзиниот тим.

Во јавноста се шпекулира дека е сериозно болна и дека се уште не закрепнала. Никому не му е јасно за каква болест се работи, но сите го прифатија тоа образложение, со оглед на тоа што пејачката минатата година драстично ја намали тежината.
Таа се трудеше да ги оправда слабеењето и лошата физичка состојба со изговор дека му се вратила на балетот и дека многу работи. Од октомври, кога ги откажа настапите, Селин Дион објавува само извадоци од нејзините стари видео спотови.

Фановите во пораките пишуваат: „Би сакале да имаме некои новости за Селин…“

View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Нејзиното последно обраќање до публиката беше кон крајот на 2021 година, кога рече:
Навистина се надевав дека ќе можам да го одржам настапот, но претпоставувам дека само треба да бидам трпелива и да го следам режимот што ми го препишаа лекарите.
Ќе ми биде мило да се вратам целосно здрава, едвај чекам да застанам на сцената“.

Денес Селин Дион го слави својот 54 роденден и по тој повод ве потсетуваме на некои интересни детали од нејзиниот живот:

1. Селин е помлада од синот на нејзиниот покоен сопруг.
Најстариот син на Рене Анџели, Патрик Анџели, е роден три месеци пред славната маќеа.

2. Универзитетот Лавал и додели почесен докторат по музика во 2009 година.

3. Првиот договор за снимање го потпишала на 12 години.

4. Таа е најмладата од 14-те браќа и сестри.

5. Во 1994 година нејзината венчавка со Рене се емитуваше во живо.

6. Имала само 16 години кога настапила пред папата.

7. Во 1990 година основаше синџир ресторани кој и денес успешно работи.

8. Во 2000 година таа и Рене ги обновија заветите во Лас Вегас.

9. Течно зборува 5 јазици: англиски, шпански, германски, француски и јапонски.

Љубовната приказна на Селин Дион: Рене почина како што сакаше, на моите раце

Слични објави

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо
Се вчитува....