08:43 - 27 ноември, 2026

АЛЕК БОЛДВИН Е ВО РИМ, не еден, снима два филма, еве ги деталите!

Ова ќе биде првпат да го видиме Алек Болдвин на филмското платно по трагедијата што се случи на сетот на Rust, вестерн филм што тој го напиша, продуцираше и глумеше, во кој почина директорката на фотографија Халина Хачинс. Динамиката на инцидентот што се случи на снимањето се уште е под истрага, а во меѓувреме се води жестока правна битка.

Браќата Алек и Вилијам Болдвин се во Рим, Италија и снимаат истовремено два филма на „Минерва Пикчрс“ во соработка со ILBE: „Kid Santa“ и „Billie’s Magic Word“.

фото-инстаграм

Двата филма, се снимаат во „live action”, техника која комбинира вистински актери и анимирани ликови, а главните улоги ги интерпретираат двете холивудски ѕвезди Алек и Вилијам Болдвин.

Нешто повеќе од две недели трае снимањето во Рим, а главниот град на Италија е избран да биде позадина на сите акциони сцени и на двата филма.

И двајцата браќа, иако на различни начини, се вклопуваат во жанрот на филмови посветени на семејното и божиќното зближување.

Во актерската екипа е и Елва Трил, која глуми во новото продолжение на „Џурасик Парк“, „Jurassic World Dominion“, филм чија премиера ќе биде во јуни.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....