11.8 C
Скопје
15:07 - 21 април, 2026

НОВИ ДЕТАЛИ за случајот на труење на Абрамович: Бил употребен хлоропикрин – хемикалија користена во Првата светска војна

„Умираме?“, прашал Абрамович кој се чувствувал толку лошо што се плашел за својот живот.

Според истражниот известувач Кристо Грозев, кој спроведе истражување за инцидентот со наводното труење, тим експерти се согласиле дека супстанцијата користена во нападот е хлоропикрин, хемикалија користена за време на Првата светска војна или мала доза на Новичок.

Абрамович и другите мировни преговарачи се соочија со симптоми на исцрпеност и привремено слепило, за време на мисијата на почетокот на март во Киев. Симптоми кои го принудија да побара болничко лекување веднаш штом слетал во Истабул, Турција.

Во новото интервју, Грозев зборуваше за Јутјуб каналот на Поулар Политикс, тврдејќи дека сите експерти се согласиле дека најверојатната причина за симптомите е труење со хлоропикрин, хемиски борбен агенс што се користел во Првата светска војна.

„Сите експерти кои комуницираа со нив, ги проучуваа нивните фотографии и правеа лични тестови, сите рекоа дека тоа не е случајност, не е труење со храна, не е алергија“. Но, за Хлорпикрин сите биле согласни. „Овој агенс ги предизвикува сите откриени симптоми. Единствената замерка е што хлорпикринот обично испушта прилично силен мирис, и затоа е тешко да се даде без жртвата да се согласи на тоа“.

Но, потоа еден од специјалистите открил дека и оваа хемикалија денес е развиена да нема мирис.  „Други сугерираат дека тоа би можело да биде и мала доза на Новичок. Новичок беше искористен за труење на агентот Сергеј Скрипал во неговиот дом во Солсбери, Англија, и на Алексеј Навални, на кој му требаше итен спасувачки третман во Германија за да закрепне“, објаснува Грозев.

Грозев кој е поврзан со британската истражна агенција Белингкет и со независните руски медиумски платформи рече дека бил повикан околу 3 март да го разгледа случајот со наводното труење. Тој контактирал со други експерти кои сакале да останат анонимни поради нивна безбедност. Идејата била да го истражат случајот без да дознае јавноста но детали едноставно „испливале“ во медиумите.

Тој рече: „Она што го знаеме е дека тројца претставници имаа речиси идентични симптоми: силна болка во очите, црвени дамки околу очите, лупење на кожата“.

Рускиот политички аналитичар Константин Калачев ја изнесе хипотезата дека труењето можеби е обид на Абрамович да стекне симпатии во Британија, каде што неговите интереси се погодени од санкции.

Преговарачите кои страдале од здравствени проблеми наводно јаделе само чоколадо и пиеле вода.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо
Се вчитува....