8.8 C
Скопје
01:03 - 18 октомври, 2026

Кој уште ќе биде на листата на 6-от пакет санкции: Тајната „прва дама“ Кабаева и патријархот Кирил се дел од имињата за кои се зборува

Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка и златна олимписка медалистка за која се верува дека е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин (и дека со неа има две деца, а според некои извори и четири деца), според она што се дознава во Брисел, а пренесува новинската агенција Аднкронос, е вклучена во листата на санкционирани лица во шестиот пакет предложен од Европската комисија.

фото-инстаграм

Денес наутро Корепер, комитетот на постојаните претставници на земјите-членки, е свикан да се собере за да разговара за пакетот санкции, кој исто така вклучува ембарго за увоз на нафта од Русија во ЕУ кое ќе стапи на сила во рок од шест месеци за сурова нафта и до крајот на година за рафинирани производи.

Меѓу погодените од забраната за патување во ЕУ и замрзнувањето на имотот е и рускиот патријарх Кирил.

Да потсетиме, веќе со години кружат гласини за врската на Алина Кабаева со Путин, а гласините станаа се погласни со разгорувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Оттука не е изненадувачки што Алина е наречена „тајна прва дама“. Иако врската никогаш не била потврдена, се вели дека парот има четири деца: две момчиња и две близнаци, сите родени во Швајцарија и со швајцарски пасоши. На почетокот на конфликтот „Вашингтон пост“ откри: „Алина се крие во Швајцарија, во приватна и многу безбедна вила, со своите четири деца“, а потоа група активисти покренаа иницијатива за протерување на Алина од Швајцарија поради нападот на Русија врз Украина. Пред извесен период, поранешната гимнастичарка беше фотографирана во Москва на еден гимнастички настан.

Колку „тежи“ рускиот патријарх Кирил: Носи часовник од 30.000 долари, има вила во близина на Цирих, сметки во Швајцарија, Австрија, Италија…

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....