24.8 C
Скопје
16:17 - 30 април, 2024

Колку „тежи“ рускиот патријарх Кирил: Носи часовник од 30.000 долари, има вила во близина на Цирих, сметки во Швајцарија, Австрија, Италија…

Неговите хоби вклучуваат алпско скијање, одгледување чистокрвни кучиња, скијање на вода и добри часовници, како што е Brequet од 30.000 долари, има сметки во Швајцарија, Австрија и Италија, вила во близина на Цирих…

Уште од почетокот на воениот конфликт, тој ја бранеше и „благословуваше“ руската инвазија на Украина, „Русија никогаш никого не нападнала“ туку „само ги брани своите граници“, се неговите последни изјави. На почетокот на конфликтот, московскиот патријарх Кирил, тесно поврзан со Путин, конечно го прекина молкот. Тој не го изговари директно зборот „војна“,но го критикуваше Западот и неговата христијанска вера која ја разводнува религијата, губитничкиот пат, а гласно зборуваше и против геј парадите. „Рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја која датира од крштевањето на Русија од светиот принц Владимир“, неодамна повтори Кирил.

Шеснаесеттиот патријарх на Москва и на сите Руси – израз кој датира од времето на царевите -, поглаварот на Руската православна црква, Кирил (Кирил I) роден Владимир Михајловиќ Гундјаев, е роден во Ленинград (сега Санкт Петербург) на 20 ноември 1946 година. Осветен за епископ во 1976 година и избран на 27 јануари 2009 година со 508 гласови од 702, Кирил води 165 милиони верници ширум светот. Дедото и таткото на Кирил биле свештеници на забранетата и прогонувана православна црква во раните години на комунизмот.

Владимир влегува во Богословијата во 1965 година, а потоа студира на Богословската академија во Санкт Петербург. Пред неговото звање бил картограф-техничар за државната геолошка експедиција меѓу мразовите и населението на рускиот Далечен Исток. Но, црковната кариера се развивала со импресивно темпо: секретар на градскиот митрополит, ректор на духовната академија каде што студирал, архиепископ, претседател на одборот за надворешни односи на патријаршијата, конечно, во митрополитот во ’91 г.

Не се во право оние што го сметаат Кирил за „обичен бирократ“. Тој секако не е дипломатски тип, а во минатото тој важеше за „иноватор“, отворајќи, во времето на неговото раководење на Богословската академија, нови курсеви и за жени, и часови по физичко образование. Се шпекулира дека тој го запознал Путин кога и двајцата биле агенти на КГБ.

Со шефот на Кремљ, дефиниран од него како „Божјо чудо“, Кирил го поврзува долго пријателство, консолидирано и со неговата склоност кон луксуз.

Неговите хоби вклучуваат алпско скијање, одгледување чистокрвни кучиња, скијање на вода и добри часовници, како што е Brequet од 30.000 долари, „уловен“ од фотографите пред десет години за време на една официјална средба, а потоа „избришан“ со фотошоп по протестите на верниците.

Кирил секогаш го негирал постоењето на огромно богатство, но според проценките на списанието Новаја Газета, патријархот има меѓу 4 и 8 милијарди долари. Вредност која лесно може да биде ставена под санкциите со проширување на новите мерки, откако ЕУ даде предлог Кирил да се вклучи во списокот на лица кои ќе бидат санкционирани за инвазијата на Украина.

Според „Новаја газета“ Кирил има сметки во Швајцарија, Австрија и Италија. „Новаја“ напиша дека точната бројка за тоа колку „тежи“ е тешко да се измери бидејќи „патријархот претпочитал да ги чува своите заштеди во швајцарските банки, од каде само во последните години дел од сумите се префрлени во Австрија и Италија (веројатно под гаранции на Ватикан).“

Во книгата „Russia’ s Dead End“, Андреј Ковалев, поранешен член на штабот на Горбачов, напиша – врз основа на документи кои можеле да се видат само на кратко време, на крајот на Советскиот Сојуз – дека Владимир Михаиловиќ Гундјаев (вистинското име на Кирил) имал минато повеќе од веројатно на агент на КГБ, познат како агентот „Михаилов“. Според истражувањето на „Проект“, патријархот  поседувал, тој и двајцата негови втори братучеди, имот од 2,87 милиони долари во Москва и Петербург.

Неговата резиденција (дом), случајно или не, не е далеку од познатата „Палата на Путин“. Според новинарските истражувања, Кирил поседува вила во близина на Цирих, плус акции во голем број недвижнини во Москва, Смоленск и Калининград, а има и дваесет резиденции кои формално им припаѓаат на различни централизирани и локални верски организации на Руската православна црква.

Имотот во Русија на Кирис ќе биде тешко да се допре, но тековните сметки кои се наоѓаат во Европа и Швајцарија, можат многу лесно да бидат блокирани со санкциите доколку во нив биде вклучен.

ЕУ предлага санкции и за ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ: Еве кои уште се на листата од 57-те личности

 

Слични објави

(Фото) Раста пуштен од болница на домашно лекување: А дома, изненадување!

еспресо

Јована Јеремиќ откри колку заработува за еден час: Јас сум деловна жена, плаќам некој да ми ја чисти бањата

Еспресо

Шокантно признание на Северина: Пред породувањето лежев на одделението за онколошки пациенти

Еспресо

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ не ја симнува насмевката од лице, еве со кого се сретна на патувањето

еспресо

Од што заработува Вељко Ражнатовиќ: Боксерот има приватен бизнис, живее во село

еспресо
Се вчитува....