16:28 - 27 ноември, 2026

ЕУ предлага санкции и за ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ: Еве кои уште се на листата од 57-те личности

Поглаварот на Московската православна црква, многу лојален на Путин, заедно со воените и водечките фигури на Кремљ влегува во рамката на европските санкции против Русија. 

Тој отворено ја поддржа војната во Украина, сега Брисел предлага да се санкционира и патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква.

Мерката би се презела како дел од шестиот пакет санкции против Русија за нападот врз Украина за кој се разговара во моментов во Брисел.

Новиот список, според агенцијата Франс прес, сепак ќе треба да биде одобрен од земјите-членки, а инаку, вклучува и 58 личности кои треба да бидат санкционирани, меѓу кои има бројни руски војници, но и сопругата и децата (девојка и момче) на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Меѓу другото, вчера папата Франциск во интервју за „Кориере дела сера“ го повика патријархот Кирил да не биде „момче од олтарот на Путин“. Франциск неколкупати го повика Патријархот на Москва и на сите Руси да ја прекине војната, дури и понуди да се сретне со него.

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....