07:59 - 12 ноември, 2026

ДВЕ ГОДИНИ БЕЗ ДРАГАН ВУЧИЌ: Неговата музика и емисии се вечни!

На денешен ден, пред две години како гром од ведро небо се рашири веста за смртта на еден од нашите најпознати композитори, музичари и водители во нашата држава, Драган Вучиќ.

Човекот кој дефинитивно учествуваше и можеби е еден од најважните луѓе во создавањето на македонската јавна сцена, ја изгуби битката со коронавирусот.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

Фото: Принтскрин / Facebook

Во неговата биографија ќе бидат запишани многу телевизиски проекти кои ги сработил, а особено ќе биде запаметен кога пред 20 години го создаде шоуто „Вашите 5 минути“ – емисија во која се пријавуваа луѓе од целата земја и сакаа да ги покажат своите вокални способности. Драган честопати во интервјуа знаеше да каже дека ние сме биле први во регионот кои сме смислиле едно такво големо музичко натпреварување.

Потоа низ годините следуваа уште многу други емисии во кои гости му беа најголемите ѕвезди од поранешна Југославија, бидејќи Драган беше голем пријател со многу од нив.

Така, прв гост во „Гурмански муабети“ беше една од најголемите ѕвезди во регионот, Здравко Чолиќ.

Но не само емисиите со кои многу генерации израснаа. Драган остави и голем белег во македонската музичката поп и фолк сцена. „Каде и да одам“, „Твојте очи шараат“, „Ника, Ника, Марика“, „Кате мори Кате“ и многу други композиции се само дел од неговиот музички опус.


За Драган има уште многу да се каже, но сигурни сме дека ќе остане запаметен и за него ќе се  прераскажува уште многу долго.

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....