Како да водиме грижа за менталното здравје и како да се справиме со социјалната дистанца, карантинот и изолацијата

Нестандардни ситуации како што е ширењето на коронавирусот (ковид-19) може да го загрозат здравјето на голем дел од граѓаните. Кај нас, како и во голем број држави низ светот, локалните власти преземаат сериозни мерки со кои се ограничува и контролира ширењето на оваа заразна болест. Како најуспешни методи за справување се истакнува важноста на социјалното дистанцање, како и карантинот и изолацијата во ретките случаи, кои може да имаат негативно влијание на нашето ментално здравје.

Еве неколку совети како најдобро да се грижиме за себе и за другите во вакви нестандардни услови.

Што значат термините социјална дистанца, карантин и изолација?

Социјалната дистанца претставува намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и зачестеноста на личниот контакт. Ова претставува и најблага мерка за која сите е добро да се придржуваме додека се смета за потребно. Карантинот вклучува физичко одвојување и ограничување на движење за лица кои биле во контакт со заразен. Ваквото одвојување трае сѐ додека медицинскиот персонал не се осигура дека лицето кое било во контакт не ги развило симптомите на болеста.  Изолацијата, пак, претставува физичко одвојување на лица кои го имаат вирусот од оние кои го немаат. Ова вообичаено се одвива во здравствени установи или во сопствениот дом (самоизолација) доколку е соодветно.

Што може да доживеам во овие услови?

Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат различни непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствува страв, вознемиреност и загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од членовите на семејството или пријателите кои се приморани да бидат во карантин поради контакт со лице заболено од вирусот.

Зголеменото внимание на себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал, исто така, може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и предизвикот во обезбедување основни прехранбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.

Често забележани чувства кои се развиваат во вакви ситуации може да вклучат: загриженост за способноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и иднината, осаменост заради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада заради лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да преземеме нешто.

Неколку совети што можеме да направиме за да ги намалиме ваквите емоционални доживувања.

Какви информации да следам?

Земето го предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од традиционалните медиуми имаат различно видување за ризикот во вакви ситуации, со голема веројатност дека е неточен и непроверен. Најдобро што може да направите е да следите проверени информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет-портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурате дека е од соодветно државно/ здравствено тело или агенција. Притоа, избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми, бидејќи тоа може дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Поради тоа, ограничете го приливот на различни информации до вас и особено вашите деца.

За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет-конекција (скајп, вибер, месенџер…).

Извори на проверени информации за коронавирусот: Мерки и препораки за заштита и превенција од Коронавирус (https://vlada.mk/covid19); Министерство за здравство (http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/);  Институт за јавно здравје (http://www.iph.mk/); Светска здравствена организација (https://www.who.int/).

 

Како да ги организирам обврските и пристапот до основни потреби?

Доколку сте во карантин и не сте во здравствена установа која ви ги покрива основните потреби, јасно искажувајте ги вашите потреби кои ве прават да се чувствувате безбедно и удобно. Организирајте се со вашето семејство, пријатели, приватни доставувачи или достапни служби (на пр. Црвен крст) за редовно да се снабдувате со основни намирници – храна, средства за хигиена и потребни лекарства. Бидејќи отсуствувате од работното место, споделете ги потребните информации до вашиот работодавец во согласност со мерките и заклучоците од Владата. Бидејќи не сте во можност да ги вршите секојдневните активности, разгледајте алтернативни начини за плаќање на вашите сметки (пр. интернет-наплата) или организирајте се со семејството или пријателите за најлесно да ги завршите таквите обврски.

Како да ги намалам негативните мисли и чувства?

Одржувањето контакт со личности од доверба е најдобриот начин да ја намалите вознемиреноста, нерасположеноста и осаменоста при социјална дистанцираност, карантин и изолација. Редовно комуницирајте со вашите пријатели и семејства преку телефон, социјални медиуми или интернет-конекции. Споделувајте им ги вашите чувства и мисли, разрешувајте ги проблемите кои ви се јавуваат и видете колку ви е тоа од помош. Организирајте достава на весници, книги и филмови и следете омилени телевизиски и радиопрограми. За да се опуштите, правете едноставни физички вежби, доколку можете и бидете секојдневно активни, правете нешто што ве смирува (читање, филм, плетење, пишување…). Обидете се да воспоставите дневна рутина која ќе ви го исполнува денот и ќе го прави предвидлив (на пример одредено време на спиење, будење, јадење итн.).

Не заборавајте и да ја одржувате позитивноста, бидејќи секогаш има нешто за кое сте благодарни или нешто за што се надевате. Ако ви помага, редовно запишувајте си ги овие мисли и навраќајте се на нив.

Доколку негативните мисли и чувства се интензивни и траат подолго време, стапете во контакт со психијатар или психолог преку телефонска или интернет-конекција. Универзитетската клиника за психијатрија нуди контакти за психолошка поддршка и психијатриска консултација.

Контакти за психолошка поддршка нуди и Комора на психолози на РСМ.

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија

Психолошка поддршка:

Родители на деца на предучилишна и училишна возраст (072 912 676)

Возрасни лица во самоизолација (072 919 009)

Граѓаните од Дебар и општина Центар Жупа (070 241 807)

Хоспитализирани пациенти заради COVID-19  (во соработка со здравствените установи)

Заинтересираните може да стапат во контакт во работни денови од 09:00-16:00 часот.

Пациенти закажани на МојТермин:

За психијатриски преглед, психолошко советување или психотерапија пациентите ќе бидат телефонски контактирани од психијатар или психолог.

За информации поврзани со прегледите, ве молиме стапете во контакт со амбулантната служба од 08:00-20:00 часот од понеделник до петок (078 378 755)

 

Што по изолацијата или карантинот?

По завршување на потребниот период на карантин или изолација може да доживеете мешани чувства. Може да доживеете олеснување поради промена на ситуацијата или тага и лутина затоа што некои околу вас се сѐ уште претпазливи во ваша близина или пак ве одбегнуваат.

Наједноставниот пристап во овој случај е да дознаете повеќе за вирусот, третманот и ризиците кои ги носи. Споделувањето на соодветните информации е најдобриот начин да го намалите стравот и несигурноста кај другите. Доколку имате потешкотии со тоа, тука се стручните лица кои може да ви пружат помош и поддршка.

Слични објави

Гори зграда во Лондон (ВИДЕО)

Igor

Мрачната страна на авторот на „Алиса во земјата на чудата“: Родителите ги тргале своите деца од него!

Еспресо

Наши миленици: НЕРА

Еспресо

Жирито на Суперталент со неверување гледаше што прави оваа 85-годишна баба со 40 години помлад маж (ВИДЕО)

Еспресо

Тајната на Викторија Бекам: Листа на најдобри и најздрави производи за блескава кожа

Еспресо

Меган и Хари мета на потсмев и сарказам поради последната објава на нивниот профил! (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

петнаесет + деветнаесет =

Слични објави

ЌЕ ВИ СЕ СЛОШИ кога ќе видите КОЛКУ вчерашниот стајлинг ја чинел ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША

Igor

Се породи најпознатата плус сајз манекенка – Животот ни се промени! (ФОТО)

Анита Митровска

Поминаа 75 години од познатата битка за Иво Џима: За 36 дена загинаа 28.000 војници (ВИДЕО)

Еспресо

Пласидо Доминго им се извини на жртвите кои го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал!

Еспресо

Пејачката Јелена Розга позира во центарот на Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо

Според науката ова е најубавиот маж на светот! (ФОТО)

Еспресо