4.8 C
Скопје
22:14 - 18 април, 2024

ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДИМИР ЧЕТКАР ПРЕД ТУРНЕЈАТА ВО САД: Солидарноста е присутна само кај уметнички пософистицираниот свет без разлика на националната основа!

Новогодишните празници ги помина во Македонија, а сега, со наполнети „батерии“ за претстојната сезона исполнета со концерти, музичарот Владимир Четкар се враќа во САД. Поточно, од Охрид заминува дирекно за Детроит од каде започнува неговата зимска американска турнеја, на 28 јануари. Вели дека иако секаде каде што патува пронаоѓа прекрасни нешта кои го исполнуваат и созреваат како човек, сепак исконското чувство на дом и припадност го доживува единствено во Македонија, во неговиот роден Охрид.

Интересно е што концертот во Музејот Нортон е мојот 100 -ти по ред концерт надвор од границите на Балканот каде се претставувам исклучиво со моја авторска музика, фото – приватна архива

На 18 февруари ќе настапиш во прочуениот музеј на модерна уметност Нортон кој важи за еден од најзначајните културни центри во Флорида. Како дојде до овој договор и што очекуваш од настапот?

– Интересно е што концертот во Музејот Нортон е мојот 100 -ти по ред концерт надвор од границите на Балканот каде се претставувам исклучиво со моја авторска музика. Настапи со вакво реноме доаѓаат природно доколку портфолиото на музичкиот уметник е богато и со силно интернационално искуство. На концертот во музејот очекувам прекрасна атмосфера бидејќи Вест Палм Бич е навистина рајско место, a тамошната вечно убава клима си го прави своето врз расположението на луѓето.

Пред тебе се музичко бурни месеци, јануари и февруари, со концерти во Детроид, Чикаго, Кливленд, Њујорк, Вест Палм Бич, како се подготвуваш за турнејата, како изгледа накратко твојот ден? Дали во сите градови ќе настапуваш со ист репертоар, колку временски е предвиден да трае еден концерт?

– Бидејќи сум придружуван од неколку различни музички постави на оваа турнеа кои акумулираат во десеттици музичари, навистина имам премногу работа. Самата логистика околу концертите, патувањето, синхронизацијата на сите музичари, пробите и т.н. се стрес и предизвик кој ретко кој би можел да го издржи и притоа да застане како фронтмен на сцената и да даде сè од себе во креативниот уметнички дел. Сите концерти по времетраење се движат од 70 до 100 минути, а програмата е составена од моите 3 студиски албуми; ‘We Will Never End’, ‘Heavenly’ и ‘Going Home’.

низ Америка моментално не можеш да присуствуваш на концерт доколку немаш примено две дози на вакцина или доколку не прикажеш негативен Ковид тест при влез. Фото – приватна архива

Што е со пропишаните мерки за концерти, односно мерките за публиката која доаѓа на концерт во САД? Кои правила се моментно актуелни?

– Секоја држава во САД си има различни правила според кои се придржуваат сите музички клубови, музеи или сали за концерти, соодветно каде се наоѓаат. Генерално насекаде низ Америка моментално не можеш да присуствуваш на концерт доколку немаш примено две дози на вакцина или доколку не прикажеш негативен Ковид тест при влез.

Омикронот е актуелен низ цел свет, како се живее денес во Њујорк? Колку граѓаните се исплашени, претпазливи, колку се актуелни и колку се применуваат вакцините, бустер дозата? Дали се кафеаните и кафулињата, како кај нас, полни?

– Последниве година и пол сум претежно во Македонија, со кратки работни излети во Америка. Пред тоа бев заглавен во Њујорк токму кога почна пандемијата да беснее најсилно и тоа беше навистина стресен период за мене. Њујорк, колку што сега ја пратам ситуацијата, има повторно голема криза со Омикронот. Кафеаните и кафулињата, доколку се изземат новогодишните празници, не би рекол дека се полни како порано, ниту во Македонија ниту во Америка.

Убаво е да се има поддрша од своите луѓе, меѓутоа што ќе се случи доколку некој сака да гради интернационална кариера во места каде што нема лоби-ја по национална основа како, на пример, во Кореја, Јапонија или Југоисточна Азија? Фото – приватна архива

Србите, па и Балканците воопшто, се познати по силни лоби-ја на национална основа каде и да се во светот. Колку постои солидарност меѓу Македонците во Њујорк, меѓу уметниците од Македонија, се дружите ли, си доаѓате ли на концерти, настани?

– Кога станува збор за уметност, солидарноста е секогаш присутна само кај уметнички пософистицираниот свет без разлика на националната основа. Убаво е да се има поддрша од своите луѓе, меѓутоа што ќе се случи доколку некој сака да гради интернационална кариера во места каде што нема лоби-ја по национална основа како, на пример, во Кореја, Јапонија или Југоисточна Азија? Јас овај пат го поминав пред доста време и научив дека првенствено треба да се наслониш на квалитетот на твојот продукт и на универзалната љубов кон музиката и нејзината енергија која постои и ги обединува сите луѓе на светот.

Што си посака себеси за Нова година, која желба би сакал да ти се исполни во 2022?

– Здравје, силна волја за дејствување и малку среќа.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....