10.3 C
Скопје
04:44 - 27 април, 2024

ИНТЕРВЈУ со Марко „Дај Побрзај“: Заплакав скоро поради една немила случка од приватниот живот

Телевизијата и камерите се негова пасија, а тоа дека својата работа како водител и шоумен ја извршува со огромно задоволство, е доказ неговата константна активност, популарост и нескриените сипматии на луѓето кон него.

На ТВ екраните и во јавноста се изгради себе си  како бренд, а и кога не е активен со конкретен ангажман останува актуелен и популарен.

Токму таков забавен, позитивен и свој беше и на денот на венчавката со својата сакана Цена Плавеска.

Марко Новески или попознат како Марко Дај Побрзај ни открива кои се неговите најсреќни, но и тажни моменти.

фото-приватна архива

Јавноста те памети како Марко „Дај Побрзај“ . Колку ти недостасува тој тип на емисии и дали би го работел повторно тоа?

– Многу ми недостасува таков тип на емисија зошто едноставно обожавам да сум меѓу луѓе се надевам дека кога ќе се олабави целата ситуација со Ковидов дека ќе стартувам со нешто такво.

Која е тајната на твојата добра комуникација и поврзаност со јавноста?

– Нема никаква тајност едноставно сум искрен со нив и мислам дека јавноста го препознава тоа.

Моментално си водител на Тв квизот ,, Листа за 300 ” на Сител Тв. Откриј ни нешто за снимањата и натпреварувачите. Интересни и комични ситуации?

-„Листа за 300″ ми е проект кој ми помогна да созреам и за тоа секогаш ќе бидам благодарен. За снимањата ќе кажам дека ми се многу забавни, а за тоа се најзаслужни екипата и секако натпреварувачите. Сме имале многу интересни ситуации но ќе ја издвојам ситуацијата кога една натпреваручка направи лапсуз и на темата-наброј животни со рогови одговори: еднорог!!!

Дали преку прашањата на квизот ,, Листа за 300 ” го преиспитуваш твоето знаење?

-Не само што го преиспитувам моето досегашно знаење со „Листа за 300“ туку и го надградувам.

Која ти е најсмешна ситуација која ти се случила на емисија во живо?

-На еден настан се правев мангуп и не гледав каде одам додека се качував на сцена, промашив една скала и завршив од страна на бината… паднав од некаде 2 метра висина ама станав и глумев како демек намерно го направив тоа. Секако сите знаеа дека не е така па луѓето што беа таму ме “дриблаа” после уште две недели за тоа.

Се вери и се ожени во иста година…

-Да ова беше убава година за мене. Направивме мала свадба на која присуствуваа најблиските 50на луѓе и супер си поминавме.

фото – приватна архива

Според македонските традиции, кога планирате деца?

-Ништо во животот не планирав и мислам дека добро ми излегоа работите, се држам до тоа па ни ова не го планирам.

На која песна го одигравте првиот танц со невестата?

-Првиот танц го игравме на at last од Etta James

Секогаш си позитивен и насмеан. Кога последен пат си заплакал?

-Ќе бидам искрен и ќе кажам сега скоро поради една немила случка од приватниот живот.

Твоето мото кое те води низ животот е….

-Немам некое мото едноставно гледам да живеам онака како што јас сакам но секако при тоа да не наштетам на никој!

фото – приватна архива

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....