2.8 C
Скопје
05:26 - 6 октомври, 2026

(ФОТО) ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСТАВНИК НА СРБИЈА НА „ЕВРОВИЗИЈА 2022“: Песната има интересен наслов!

Италија е домаќинот на овогодинешниот избор на песна за Евровизија, а додека нашата земја се размислува кој да биде нашиот претставник за оваа година, нашиот северен сосед наголемо се подготвува за „Беовизија“


По гласините дека Тијана е еден од потенцијалните учесници кои ќе ја претставуваат Република Србија на овогодинешниот Евросинг, пејачката ги потврди гласините, а притоа го откри и името на песната.

„Да, точно е дека ќе настапувам на Беовизија, која се одржува на почетокот на март. Имам сјајна песна, под назив “Љуби, љуби довека” за која музиката и текстот ги напиша мојата драга Леонтина Вукомановиќ, аранжман и продукција Немања Филиповиќ“, напиша пејачката на својот инстаграм – профил.

„Јас на секој фестивал до сега одев за да промовирам песна (што и виде на претодните фестивали каде се изненадував на својата победа), па така одам и на овој. Ќе биде тоа сјајна журка, учествуваат мои сјајни колеги и едвај чекам да ја слушнете оваа песна бидејќи сум убедена дека ќе ви се допадне!“, дополни пејачката во своето официјлано обраќање до јавноста.

Тијана ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија во 2014 година со песната „To The Sky“. За жал Дапчевиќ со таа песна не ни обезбеди влез во финалето. Нејзината сестра, Тамара Тодевска, ја претставуваше Македонија во 2008 и 2019 година.

Тамара Тодевска се пласираше во финалето на Песна на Евровизија со композицијата „Proud“ во 2019 година. За првпат по седум години Северна Македонија Тамара и обезбеди место на својата родна земја во големото финале.

Слични објави

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С
Се вчитува....