21:35 - 30 јули, 2026

ГОРАН ПАНДЕВ: „Македонија ми е сè, но Италија ми даде сè“, „Ова е меч што никогаш не го посакував“

Фудбалскиот натпревар Италија-Македонија се игра денес. „Кориере дела Сера“ вчера во Парма го интервјуираше македонскиот фудбалски ас Горан Пандев (38), поранешен играч на Интер, Лацио и Џенова.

„Да, тоа е меч што никогаш не го посакував, особено во полуфиналето – вели Пандев во интервју за „Кориере дела сера“ – „Македонија ми е сè, но Италија ми даде сè, тоа е земјата во која се родени моите деца. Да играме со европски шампиони на гости секако не е идеално за нас: Италија, како Португалија со Турција, се фаворити. Но, исто така, вистина е дека целиот притисок е врз нив“.

МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ВЕЛИКАНИТЕ:  „Повнимателни сме и мотивирани, вистина е. Таков е балканскиот менталитет, можеш да победиш во Германија затоа што сите сакаат да се соочат со неa за да се измерат и да се покажат. А потоа да загубиме од Андора…“.

ЗА ЕЛМАС: „Дисквалификуван? За Италија тоа е предност, бидејќи тој е фундаментален, тој е најсилен и може да ги стави на мака „Аѕурите“. Имате изобилство, можете да си дозволите да оставите некој како Балотели дома”.

ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА – „Усреќивме многу луѓе, а тоа е важно бидејќи кај нас има многу проблеми. Утре (односно денес,н.з) моите соиграчи ќе дадат се од себе“.

ЗА МУРИЊО – „Ми се јави по Европското првенство. Ми честиташе, се гордееше со мене и беше среќен што го исполнив мојот сон да играм на европско првенство. И што на најдобар начин ја завршив кариерата во репрезентацијата“.

ЗА НОВИОТ СЕЛЕКТОР МИЛЕВСКИ – „Милевски беше на чело на тимот до 21 година и донесе многу играчи со себе. Ја менуваше одбраната која сега често игра на 4. Му посакувам добро, но не е лесно да се работи како Ангеловски. Кога ми рече дека морам да се вратам во репрезентацијата затоа што одиме на ЕП, го прашав дали се шегува. Ми гарантираше дека работите ќе се сменат и го направи тоа: донесе сериозност, професионализам, играат оние кои заслужуваат. Претходно не беше така, им наредуваа директорите и спонзорите“.

ЗА НИВОТО НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ФУДБАЛ – „Има многу добри млади играчи и да се освои европско првенство во Англија не е воопшто лесно. Но, во споредба со пред дваесет години кога пристигнав во вашиот шампионат, техничкото ниво е намалено. Токму поради тоа, многу постари луѓе како мене, Ибрахимовиќ, Кјелини или Кваљарела сè уште поминуваат толку добро“.

ЗА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – „Лигата е катастрофа, структурите се од пред триесет години, грозно, талентите се иселуваат веднаш штом можат. Ја отворив мојата фудбалска школа за да сменам нешто, но никој не ни помага. Тешко е да се продолжи“.

Слични објави

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо
Се вчитува....