22.8 C
Скопје
19:54 - 6 мај, 2026

Горан Бреговиќ откри кому му е посветена песната „Ѓурѓевдан“ и раскажа една сосема поинаква приказна за овој евергрин

Со децении кружи потресна приказна дека песната „Ѓурѓевдан“ ги влече корените од „возот на смртта“ и страдањето на сараевските Срби на пат кон логорот Јасеновац. Тој кобен 6 мај 1942 година, затворениците биле превезувани во вагони, целосно без вода и храна. Според сведочењето на историчарот на уметност Жарко Видовиќ, единствениот преживеан сведок, еден од заробениците, за кого се тврди дека бил член на сараевското културно-уметничко друштво „Слога“, во сопствената болка и немоќ запеал од пркос: „Пролеће на моје раме слијеће, ђурђевак зелени, свима осим мени – Ђурђевдан је!“

За да го скршат стравот, песната ја прифатиле и останатите, па таа набрзо почнала да одекнува од вагон до вагон. Тоа предизвикало невиден гнев кај усташите, кои спровеле сурова казна – ги затвориле сите прозорци на возот и ги оставиле затворениците без воздух. Од 3.000 луѓе што тргнале од Сараево, страшните услови ги преживеале едвај околу двесте. Се верувало дека Бреговиќ ги презел овие пркосни стихови од страдалниците и ги преработил во хит што му донел милиони.

Брега: „Станува збор за омаж на Балашевиќ“

Сепак, Горан Бреговиќ има своја верзија на приказната, која нема никаква врска со Јасеновац. Нумерата што ја сакаат многумина ширум Балканот, всушност, имала многу помирен, уметнички почеток.

– Песната беше направена за филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“, а потоа направив препев за плочата на „Бијело дугме“, како една мала љубовна песна – откри Бреговиќ.

Она што особено ја изненади јавноста е признанието на Брега дека „Ѓурѓевдан“ всушност е омаж на Ѓорѓе Балашевиќ.

Композиторот сакал да му оддаде почит на прочуениот панонски морнар, а директната инспирација за стиховите ја пронашол во „Приказна за Васа Ладачки“ и нејзиниот легендарен стих „Кога не сум со онаа што ја сакам“.

– Станува збор за мал омаж на Ѓорѓе Балашевиќ, кој, за жал, никогаш не го напишав на плочата – истакна неодамна Брега за РТС.

Слични објави

Големата тајна на групата „Ѓогани“: Ѓоле откри како ја убедил Слаѓа да ја отпее „Одиме на Марс“

Еспресо

Елена Ристеска со носталгичен спомен, во приказната е и Северина

apostolova

(Фото) Инвестирајте паметно: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

Соседи на Вељко и Богдана Ражњатовиќ ја открија вистината за нив

Еспресо

Голема трагедија: Инфлуенсерката Бојана Мутиќ го загуби и вториот син, момчето имаше само 11 години

Еспресо

(Видео) Викторија Јаначковиќ отворено: „Не си скромна сестро слатка, кога носиш кратка сукња“

Еспресо
Се вчитува....