06:38 - 7 ноември, 2026

Александра Пилева од Америка емотивна за родителите од Неготино: „Би сакала да ве гушнам денеска“

Пејачката Александра Пилева (Чадиев), која веќе подолг период живее во Чикаго, ја разнежни јавноста со емотивна објава посветена на своите родители.

Мајката и таткото на Александра кои живеат во родното Неготино, одбележаа 50 години брак. Пејачката на социјалните мрежи сподели фотографии од нивната младост и денешницата, упатувајќи им искрена порака полна љубов и благодарност.

„Среќна 50-годишнина од бракот на моите родители. Вие сте столбот што нè донесе сите до овде. Секогаш сте тука заедно да ме поддржите и да ми дадете добар совет. Би сакала да ве гушнам денес, но ви праќам голема прегратка од овде. Да сте живи и здрави, среќни и секогаш да сте тука за мене. Ве сакам многу“, напиша Александра.


Пејачката со моќен глас, која публиката ја памети по хитовите „Нема утеха“, „Ангел мој“ и „Сонце и месечина“, пред повеќе од една деценија се пресели во САД заедно со сопругот, поранешниот одбојкарски тренер Зоран Чадиев, и нивниот син Лука. По заминувањето од Македонија, семејството започна нов живот во Чикаго, каде пејачката и понатаму остана поврзана со музиката.
Иако не е секојдневно присутна на домашната естрада, Пилева поверемно настапува на културни манифестации норганизирани македонската дијаспора во Америка, а музиката и понатаму е важен дел од нејзиниот живот. Освен тоа, таа работи како агнет за недвижности.

Нејзиниот син Лука, кого често го покажува на социјалните мрежи, веќе е пораснат и успешно се занимава со тенис, освојувајќи признанија на турнири во САД. Од објавите може да се забележи дека семејството и денес е најголемата сила и инспирација на Александра, која и покрај животот далеку од Македонија, не ги заборава своите корени и најблиските.

Во мај, семејството помина прекрасен викенд во Остин, Тексас, каде што Лука имаше можност да тренира и да помине време со најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски.

„Прекрасен викенд во Остин, Тексас, со Калин Ивановски, нашиот најдобар македонски тенисер. Калин, ти посакувам многу брзо да стигнеш меѓу најдобрите во светот, затоа што навистина го заслужуваш тоа. И еден ден, се надевам дека ќе заиграте заедно со Лука за Македонија“, сподели Александра.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....